Прескокни до содржината
Гаиа

Политика на приватност

На оваа страница

Кои податоци ги собираме

Кога нарачувате: име и презиме, е-пошта, телефон и забелешка, ако напишете. Податоците од картичката ги внесувате само кај Halkbank и ние не ги гледаме. Од банката добиваме само скриен дел од бројот на картичката (на пример 4111***1111) и кодот за авторизација.

Зошто ги собираме

За да ја обработиме нарачката, да ви испратиме потврда и да ве повикаме за термин.

Со кого ги споделуваме

Со Halkbank, заради плаќањето, и со Resend, сервисот преку кој ги испраќаме е-пораките. Податоците не ги продаваме и не ги даваме за рекламирање.

Колачиња

Користиме само неопходни колачиња: едно за кошничката и едно за најава во администрацијата. Не користиме колачиња за следење.

Колку долго ги чуваме

Податоците за нарачките ги чуваме онолку колку што бараат прописите за сметководство.

Вашите права

Можете да побарате увид, исправка или бришење на вашите податоци, на [email protected].

Безбедност

Страницата работи само преку шифрирана врска (HTTPS), а пристапот до нарачките го имаат само овластени лица.