
На оваа страница
Кои сме
Гаиа е хомеопатска ординација во Скопје. Официјално работиме од 3 февруари 2009 година. Покрај прегледите, организираме семинари, работилници и обуки и учествуваме на конгреси, бидејќи едукацијата и истражувањето ни се исто толку важни како и работата со пациентите.
Здравјето го гледаме како целина и се грижиме за физичкото, менталното и емотивното здравје заедно. Веруваме дека вистинскиот лек носи промена кон подобрување и дека свесниот човек е здрав човек.
Ординацијата
д-р Биљана Ѓуроска
доктор на медицина и сертифициран хомеопат
Ординацијата ја води д-р Биљана Ѓуроска. Таа ги предава и нашите курсеви по хомеопатија и обуките „Уметност за свесна промена“.
Прегледот го плаќате онлајн, а потоа ве повикуваме да договориме термин.
Јога
Христина
Ги води часовите по јога
Часовите по јога ги води Христина. По професија е преведувач и толкувач, а јогата ја открила преку личното искуство. Почнала со интегрална јога во Јога Сојузот на Македонија, а по иницијацијата во Бабаџи Крија јога продолжила да се усовршува во крија јогата.
Што нудиме
- Адреса
- Бул. Асном 24 локал 3
1000 Скопје - Е-пошта
- [email protected]
- Работно време
понеделник, вторник, четврток и петок од 9h - 16h
среда од 12h - 19:30h
Закажете преглед
Прегледот го плаќате онлајн, а потоа ве повикуваме да договориме термин.



