Уметност за свесна промена III
Фокусот на третиот курс е на менталното ниво, умот и меморијата.
Контакт
На оваа страница
Курсот
Курс III - Ослободување концепти кои ми пречат во животот
Ќе научите како да ослободите лоши спомени, фантазии во врска со иднината како и мисли кои не се поврзани со тековните настани во реално време.
Што ќе научите:
- да станете свесни за вашите мислите и нивната содржина;
- ќе откриете дека мислите се концепти/уверувања и ја создаваат вашата надворешна реалност;
- да ја освестите содржината на концептите која не е реална;
- да се ослободите од концептите;
- да го откриете вашето „лажно Јас“ - егото;
- да создадете концепти кои одговараат на реалноста и по тоа да ја создавате вашата сопствена реалност според вистинската реалност во моментот околу вас.
Втора средба
Дел III има главен ден и follow-up ден - втора средба. Со цел на практикантите да им се помогне новото знаење и научените вештини успешно да ги практикуваат, практикантите имаат можност да учествуваат и на втората средба. За време на овој дополнителен ден од курсот, можете да поставувате прашања, да добиете повратни информации и насоки за понатамошна практика. Понекогаш инструкторот дава дополнително нови информации или вештини ако увиде дека тоа би им помогнало на практикантите. Втората средба од курсот се организира по договор со групата.
Сите курсеви се практични, се надополнуваат меѓу себе и се применливи во секое време.
Предавач

Ингвар Вилидо
Ishwarananda
Крија јога во Македонија доаѓа преку учителот Ингвар Вилидо, Ishwarananda, кој припаѓа на Крија Јога редот на Ачарии.
Коментари од практикантите
Се изненадив колку Ингвар Вилидо едноставно објасни како функционира нашиот мисловен процес и како буквално го создава светот во кој живееме.
Каие Котов, 35, семиотичар, консултант / Естонија За време на курсевите сè си дојде на свое место, дел по дел сè се вклопи како во Лего и можев да ја видам логиката. Копнеев по тоа. И потоа, зошто да не го изберам патот на увидите зачинет со насоките од прекрасниот хумор на Ингвар Вилидо?
Тамур Тохвер, 44, директор на театар, тренер и претприемач / Естонија Уметност за свесна промена ми даде одговор зошто мојот живот е таков каков што е. Стекнав способност како да бидам одговорна. Курсевите ме пренесоа од светот на сенките во светот на боите. Научив да останам сконцентрирана и фокусирана во сегашниот миг без да ми пречат емоциите или концептите. Тоа ми дава јаснотија и мир. Како конечно да дојдов дома.
Биљана Ѓуроска, доктор по медицина и сертифициран хомеопат / Македонија
Информации и пријави
За термините на часовите и курсевите јавете ни се или пишете ни.





