“Тајната на здравјето за умот и телото не е во оплакувањето на минатото, грижењето за иднината, ниту пак во предвидувањето проблеми. Туку во живеењето во сегашниот миг мудро и искрено… Живејте го секој миг целосно, а иднината самата ќе се погрижи за себе. Целосно уживајте ги чудата и убавината на секој миг.“ – Парамаханса Јогананда
Јогата не е метод на лекување иако со практикување можат да се отстранат одредени болести и заболувања или да се намалат симптомите, болките. Со редовно практикување јога превенираме болести.
Кои се бенефитите од јогата за здравјето?
На физичко ниво:
зголемена флексибилност и мобилност на телото
подобар и поквалитетен сон
зголемена отпорност на организмот (помалку подложно на настинки, вируси и сл.)
ублажување или целосно отстранување на болките во `рбетот
подобрување на метаболизмот и отстранување на опстипација
регулирање на телесната тежина
регулирање на крвниот притисок
подобрување на циркулацијата
отстранување главоболки и мигрена
„Асаните на телото му даваат совршенство, убавина во формата, благодат, сила, компактност и цврстината и сјајот на дијамант.“ Патанџали
На психо-ментално ниво:
опушта и смирува
се неутрализира стресот
се подобрува концентрацијата
се подобрува учењето и помнењето
се развива интуитивноста
чувство на внатрешна благосостојба
се подобрува креативноста
се намалува нервозата и агресивноста
„Во нас секогаш има светлина која е ослободена од болка и тага, без разлика колку ни е големо страдањето.“ Патанџали