Христина е влубеник во јогата. И покрај нејзината професионална определба преведувач и толкувач, вистинскиот јазик за комуникација го наоѓа преку јога вежбите асани, пранајами, дјани, мантри. Преку нејзиното лично искуство се запознава со јогата и сега е нејзин вистински посветеник.
Со изучување на интегралната јога започна во Јога Сојузот на Македонија. По иницијација во Бабаџи Крија јога продолжува да се усовршува во кријата и своето знаење го стекнува од учителите на крија јога Ингвар Вилидо – Ishwarananda, Ен-Ли Наукас – Annapurna, Маршал Говиндан – Satchidananda.