Прескокни до содржината
Гаиа

Јога терапија

Иако самата јога превенира и има терапевтско дејство, јога терапијата е примена на јогиските техники - положби, вежби, техники за дишење, медитација и др. - во комбинација која ќе одговори на специфичните потреби на човекот при одредено заболување.

Контакт
„Тајната на здравјето за умот и телото не е во оплакувањето на минатото, грижењето за иднината, ниту пак во предвидувањето проблеми. Туку во живеењето во сегашниот миг мудро и искрено... Живејте го секој миг целосно, а иднината самата ќе се погрижи за себе. Целосно уживајте ги чудата и убавината на секој миг.“
Парамаханса Јогананда

Јогата не е метод на лекување иако со практикување можат да се отстранат одредени болести и заболувања или да се намалат симптомите, болките. Со редовно практикување јога превенираме болести.

Кои се бенефитите од јогата за здравјето?

На физичко ниво

  • зголемена флексибилност и мобилност на телото
  • подобар и поквалитетен сон
  • зголемена отпорност на организмот (помалку подложно на настинки, вируси и сл.)
  • ублажување или целосно отстранување на болките во 'рбетот
  • подобрување на метаболизмот и отстранување на опстипација
  • регулирање на телесната тежина
  • регулирање на крвниот притисок
  • подобрување на циркулацијата
  • отстранување главоболки и мигрена

На психо-ментално ниво

  • опушта и смирува
  • се неутрализира стресот
  • се подобрува концентрацијата
  • се подобрува учењето и помнењето
  • се развива интуитивноста
  • чувство на внатрешна благосостојба
  • се подобрува креативноста
  • се намалува нервозата и агресивноста
„Асаните на телото му даваат совршенство, убавина во формата, благодат, сила, компактност и цврстината и сјајот на дијамант.“
Патанџали
„Во нас секогаш има светлина која е ослободена од болка и тага, без разлика колку ни е големо страдањето.“
Патанџали

Информации и пријави

За термините на часовите и курсевите јавете ни се или пишете ни.