СОНЧАНИЦА И ТОПЛОТЕН УДАР

 

Ова ги опишува последиците од предолга изложеност на главата или целото тело на премногу топлина. Сончаницата е предизвикана од интензивна изложеност на главата на сонце, кое предизви

кува акомулација на топлина во главата и резултира со мозочен оток. Топлотниот удар, од друга страна е резултат на акомулација на топлина во целото тело. Механизмот за регулација на топлина на телото не е во состојба да компензира, и како резултат на тоа се јавува поблаг облик на циркулаторно нарушување. Ова подоцна може да се развие во тежок степен на шок, ако декомпензацијата продолжи. И сончаницата и топлотниот удар се состојби кои треба сериозно да се сватат, бидејќи и двете може да бидат животно загрозувачки.


Agaricus muscarius
Вертиго, намален вид и главоболка
Дијареа
Мускулно треперење (грчење)
Анксиозни и немирни пациенти


Amylenum nitrosum
Пулсации во главата, и наплив на крв во главата
Експлодирачка главоболка
Болка во очите и солзење предизвикано до сончевата светлина

Antimonium crudum
Главоболка
Надразнителна кашлица која се јавува на изложеност на сонце
Јазикот е покриен со дебела бела наслага


Cuprum metallicum
Конвулзии од прегреаност

Natrum carbonicum
Главоболка или чувство на тежина на главата
Вертиго, конфузија, или дури и загуба на свеста
Хронични потешкотии кои започнале на поранешниот сончев удар.

Teridion curassavicum
Главоболка
Естрамна чувствителност на звук
Истоштени, хистерични или анксиозни пациенти

Aconitum napellus
Типичните симптоми за Aconitum започнуваат наеднаш и вообичаено се развиваат по дремка на јакото сонце. Пациентот се буди неочекувано анксиозен, тие се немирни и ги покажуваат сите знаци на масивно прегревање: лицето отекува и станува многу црвено (алтернативно едниот образ може да биде црвен а другиот бел), главата боли, очите се екстремно чувствителни на сонце, се развува чувство на отрпнетост или мравучкање на кожата.

Belladonna
Клучните зборови кои ја опишуваат Belladonna се карактеристични и за овој случај: црвено лице, каротиди кои силно пулсираат, главоболка како некој да те удира со чекан и дилатирани (раширени) зеници. Во споредба со сликата на Glonoinum, која е многу слична, кај Belladonna пациентите рацете и нозете се значително поладни од загр

еаната глава. Пациентите се повеќе во една дива состојба, и додека Glonoinum пациентите збунети бидејќи околината околу нив наеднаш им личи непозната, Belladonna пациетите халуцинираат.

Carbo vegetabilis
Како резултат на прегревањето, состојбата која е карактеристична за Carbo vegetabilis е голема слабост и проблеми со варењето на храната може да се развијат. Колабира механизамот за терморегулација на организмот, која предизвикува синкава ишараност на кожата и невообичаен студ. Дополнителното губење на течност може да доведе до опасна ситуација каде состојбата на пациентот може да прогредира до момент кога пациентот ќе ја изгуби свесноста.

Gelsemium
Типичната слика за Гелсемиум е треперење и слабост, и таа може да се развие и од преголема изложеност на сонце. Пациентот се чувствува многу слаб, очните капаци се многу тешки, и поради слабоста дури и гледаат се дупло. Главата е топла и има конгестија, задниот дел од главата е со болка. Главоболката се влошува колку што се крева сонцето повисоко, и се намалува како што сонцето заоѓа.


Во случајот на потреба на овој препарат прегревањето води до развој на голема акомулација на топлина со бревтачка главоболка и пулсирачки каротиди. Во поголемиот број случаи лицето е многу црвено; но исто така може да биде и многу бледо. Симптомите наликуваат на тие на Belladonna, но тука тие се поинтензивни и заканувачки. Пациентот е се повеќе збунет, не препознаваат никого и често незнаат каде се.

Leave a Comment