Human 2.0

Визија

Human 2.0 е визија за надградено човештво. Човек кој е свесен за својата вистинска природа, активно ја користи свесноста, применува логика која се заснова на реалноста. Способен е да ги менува своите делувања за да ги оствари своите и потребите на другите. Самостојно може да ги отстранува пречките кои се појавуваат. Може да разликува важно од неважно. Има способност да изнаоѓа нови начини за остварување на целите. Ги знае своите потенцијали и се стреми да ги оствари.

Мисија

Пренесуваме едноставни практични техники и решенија кои континуирано ќе ви помогнат самостојно да го подобрите и развиете својот живот. Создаваме и организираме курсеви, обуки, ритрити и предавања за модерниот човек, како и книги, снимени предавања и други информативни материјали.

Вредности

Свесност – Способност да се биде свесен за себе, за свесноста и за сите нешта. Основа за свесно делување.

Искреност – Неискривување на реалноста.

Постојаност – Непрекинато делување за остварување на зададената цел. Центар на реалноста – искреност.

Добронамерност – Неповредување, директно или индиректно. Изразување на вистинската природа.

Беспрекорност – Работење на најдобар начин според моменталното знаење.

Повеќе…