Уметност за свесна промена I и II

Курс I – Јас, мојот внатрешен свет – 5-те тела

 Фокусот на првиот курс е на искуствено осознавање на внатрешната анатомија, што се чувствата, емоциите, процесот на размислување, осознавањето, свесноста и Вистинското Јас. Курсот ги потенцира нивните карактеристики, принципи на дејствување, нивното потекло и хиерархијата на влијаење. Објаснува како се формираат автоматските реакции. Дава јасна дефиниција и искусување на свесноста. Во текот на курсот ќе го откриете и искусите Вистинското Јас. Ќе добиете одговор на едно од суштинските прашања – што не е во ред со мене?

 Што  ќе научите?

– да се ориентирате во својот внатрешен свет;

– да откриете и запознаете пет различни групи феномени (или тела) поврзани со вас;

– ќе ја откриете најважната алатка и тајно оружје– свесноста;

– ќе ја дознаете единствената и апсолутната вистина: постои само еден субјект и бесконечен број објекти;

– практично ќе ја искусите вашата вистинска суштина

 Курс II – Ослободување емоции

Фокусот на вториот курс е на виталното ниво, емоциите и расположенијата. Ќе научите да ги откривате, соодветно да се ориентирате меѓу нив и да ги ослободувате оние кои ви влијаат штетно. На курсот се предаваат техники за ослободување на емоциите кои се активираат во одреден момент; емоциите кои се веќе активни; и оние кои се хронично активни со години; емоциите кои предизвикуваат тензија во појасот на рамената и вратот и емоциите поврзани со болести на физичкото тело. Освен тоа, ќе научите како  да се ослободите од стравот.

 Што  ќе научите?

– да разберете дека проблемите бараат решение, а не понатамошен заплет;

– да ги разделите проблемите на поединечни составни делови;

– дека најпроблематичниотдел од секој проблем е емоцијата која го придружува;

– да ги разликувате вашите емоции (на пр. анксиозност, незадоволство, лутина, желба, несигурност, самокритика, депресија, постојано брзање заради брз начин на живот, чувство на навреденост, недоверба и др.);

– да сфатите дека игнорирањето, криењето, замената или исфрлањето или потиснувањето на емоциите има ефикасна корисна алтернатива – ослободување од нив;

– да ослободите емоции поврзани со спомени и фантазија;

– да ослободите емоции кои се појавуваат во различни ситуации во реално време;

-да ослободите локални и хронични емоции, емоции поврзани со областа на вратот и рамената, и сите други емоции кои влијаат врз здравјето на физичкото тело;

– да ослободите емоции кои ви се постојано активни во позадина;

– да го промените својот карактер;

– како да престанете да чувствувате страв.

Деловите I и II имаaт главни денови и follow-up ден – втора средба. Со цел на практикантите да им се помогне новото знаење и научените вештини успешно да ги практикуваат, практикантите имаат можност да учествуваат и на втората средба. За време на овој дополнителен ден од курсот, можете да поставувате прашања, да добиете повратни информации и насоки за понатамошна практика. Понекогаш инструкторот дава дополнително нови информации или вештини ако увиде дека тоа би им помогнало на практикантите. Втората средба од курсот се организира по договор со групата.

Предавач: Биљана Ѓуроска

Сите курсеви се практични, се надополнуваат меѓу себе и се применливи во секое време.

Коментари од практикантите:

Емоциите можат да бидат моќни мотивирачки сили кога знаеш како да ги користиш. Од друга страна, емоциите кои постојано сами од себе се појавуваат, можат да нè уништат. Прекрасно е да знаеш како да се ослободиш од непотребните емоции.
Аиги Вахинг, 42, Комуникации / Естонија