Бабаџи Крија Јога е автентичен и комплетен систем од 144 техники за свесност и себе-реализација. Е систем на Раџа Јога кој се заснова на насочување на праната (животната сила) за прочистување и балансирање на умот и емоциите. Системот е составен од пет дела:
· Крија Хата Јога
· Крија Кундалини Пранајама
· Крија Дјана Јога
· Крија Мантра Јога
· Крија Бакти Јога
Првата иницијација е интензивен викенд курс за време на кој се изучуваат 18 Крија Хата Јога положби – асани кои ја раздвижуваат животната сила – праната. Моќна техника за дишење составена од 6 фази позната како Крија Кундалини Пранајама која ги регулира суптилните енергии и ја буди универзалната животна сила и 7 техники за медитација за совладување на умот, свесноста и интуицијата.
Втората иницијација е интензивен викенд курс за време на кој се добиваат техниките за будење на енергетските центри – чакрите, техники за јога релаксација и тишина кои помагаат да се надополнува и задржува животната енергија и да се насочува за постигнување повисоки нивоа на свесност; исцелителни пранајами, како и пранајама за трансформирање на сексуалната енергија. Се учи како способноста за осознавање да се интегрира во секојдневните активности. Практикантите исто така добиваат иницијација за лична мантра од учителот.
Третата иницијација е интензивен еднонеделен ритрит за време на кој практикантот учи и практикува напредни техники кои го заокружуваат совршениот систем од 144 техники на Бабаџи Крија Јога. Техниките од третото ниво се за отворање на потенцијалите и себе-реализација. Практикувањето е надополнето и со предавања за продлабочување на разбирањето на Крија Јогата како холистички пат на развој со што на практикантот му се овозможува да ја разбере својата цел.
Крија јога во Македонија доаѓа преку учителот Ингвар Вилидо, Ishwarananda, кој припаѓа на Крија Јога редот на Ачарии. Ishwarananda е поврзан со лозата на Бабаџи Крија Јога која до него дошла преку ученикот на С.А.А Јоги Рамаја, Маршал Говиндан, Satchidandanda.