Јога

Ако сакате да го живеете својот вистински живот, мора да станете свесни.“ – Ингвар Вилидо, Ishwarananda

Христина е влубеник во јогата. И покрај нејзината професионална определба преведувач и толкувач, вистинскиот јазик за комуникација го наоѓа преку јога вежбите асани, пранајами, дјани, мантри. Преку нејзиното лично искуство се запознава со јогата и сега е нејзин вистински посветеник.

Со изучување на интегралната јога започна во Јога Сојузот на Македонија. По иницијација во Бабаџи Крија јога продолжува да се усовршува во кријата и своето знаење го стекнува од учителите на крија јога Ингвар Вилидо – Ishwarananda, Ен-Ли Наукас – Annapurna, Маршал Говиндан – Satchidananda.

Крија Јога

Крија јога е древен интегрален систем на науката за јога, е практична, се заснова на реалноста и одговара на денешниот човек, без разлика на професија, квалификација, раса или религија. Дознај повеќе…

Јога Терапија

Иако самата јога превенира и има терапевтско дејство, јога терапијата е примена на јогиските техники – положби, вежби, техники за дишење, медитација и др. – во комбинација која ќе одговори на специфичните потреби на човекот при одредено заболување. Дознај повеќе…

Канцелариска Јога

Јога на работното место е одличен начин за подобрување на моралот на работното место, зголемување на продуктивноста, соработката меѓу вработените и додава кон чувството на припадност кон компанијата. Дознај повеќе…