„Исто како што чистиот кристал ја отсликува бојата од најблиските предмети, така умот, кога е прочистен од бранувањата на мислите, постигнува единство или идентичност со предметот на неговата концентрација.“ – Патанџали
Зошто?
Јога на работното место е одличен начин за подобрување на моралот на работното место, зголемување на продуктивноста, соработката меѓу вработените и додава кон чувството на припадност кон компанијата.
Јога час е одличен и наутро пред почеток на работното време за подобрување на фокусот, концентрацијата; во текот на работното време за ресетирање и одмор на мозокот, но и по работното време за вработените да се опуштат и да можат опуштени да се вратат дома и да бидат спремни за следниот работен ден.
Кои се бенефитите од јогата?
За компанијата:
- зголемена продуктивност
- зголемена креативност и ефикасност
- развој на интуиција
- намален број на денови за боледување
- намалено отсуство на вработените
- зголемено чувство на припадност
- зголемено задоволство меѓу вработените
- поголема соработка меѓу вработените
- станувате попривлечни за потенцијалните вработени
За вработените:
- намален стрес, анксиозност и депресија
- зголемена енергија и намален замор
- помнење, фокус и концентрација
- зајакнување на мускулите и зголемување на флексибилноста
- правилно држење на телото
- подобрување на општото здравје и намалување на ризикот за болести
Каде, како, што?
Канцелариска јога организираме во просториите на вашата компанија во термин по договор. Работиме интегрална јога имајќи ги предвид нејзините ефекти во корекција на лошото држење на телото заради седечкиот начин на живот, како и за намалување и контрола на стресот кој се јавува при работа. Има медицински карактер и е прилагодена на проблемите и барањата на вработените луѓе. Не практикуваме религија.
Програми
Јога на столче
Времетраење: 30 мин
Вежби прилагодени на работното место – столче.
Програмата опфаќа лесни физички вежби за опуштање и истегнување на телото прилагодени на работното место и работната облека, вежби за очи, ментални вежби за концентрација и фокус и кратка релаксација за намалување на тензијата и стресот.
Јога пред/по работно време
Времетраење: 60 мин
Класичен јога час со вежби за загревање, истегнување, техники за дишење и концентрација.