Хомеопатија

Хомеопатската ординација Гаиа официјално постои од 3-ти февруари 2009 год. Во изминатите десет години, покрај редовната работа со пациенти, работи и со организирање на семинари, работилници и обуки и учествува на конгреси. Едукативната и истражувачката дејност се исто така дел од главната задача и цел.

„Доколку лекарот јасно гледа што во болеста треба да се лекува, во секој посебен случај на болест (познавање на болеста, индикации), ако јасно ги гледа лековитите дејства на лековите, во секој посебен лек (познавање на моќите на лековите), и ако знае да ги адаптира според јасно дефинирани принципи, кое лековито дејство делува врз болното кај пациентот, за да се случи лекувањето – да го приспособи, како во однос на соодветноста на лекот според начинот на дејствување кај претходниот случај (избор на лек, индициран лек), така и во однос на потребниот начин на подготовка и количина (соодветна доза) и соодветен период за повторување на дозата; – ако ги знае пречките во оздравувањето во секој случај и ако знае како да ги отстрани за исцелувањето да биде трајно, тогаш знае како да лекува разумно и рационално и е вистински лекар на уметноста за исцелувањето.“ – Самуел Ханеман